Дваесет и втора седница на Советот на општина Куманово
На 28 март 2023 година (вторник) во кружната сала на зградата на поранешните општествено – политички организации, со почеток во 10:00 часот ќе се одржи дваесет и втората седница на Совет на општина Куманово по следниот
Дневен ред
- Информација за превземени мерки и активности во текот на 2022 година на Полициска станица од општа надлежност Куманово;
- Извештај за работа на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2022 година;
- Финансиски извештаи/Годишна сметка на ЈП „Водовод“ – Куманово за 2022 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на вредност на бод во ЈП „Водовод“ – Куманово за 2023 година;
- Предлог – Одлука за давање согласност за ангажирање на 30 (триесет) работници во ЈП „Водовод“ – Куманово во 2023 година преку агенција за привремени вработувања;
- Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Октомври – Декември 2022 година;
- Финансиски извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за период Јануари – Декември 2022 година;
- Извештај за работа на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за 2022 година;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката на ЈП „Пазаришта“ – Куманово за утврдување на недвижни ствари кои треба да бидат предмет на јавно наддавање за издавање под закуп;
- Предлог – Решение за давање согласност на Одлуката за утврдување на бодот за пресметување на платите на вработените во ЈП „Куманово – гас“ – Куманово за 2023 година;
- Извештај за реализација на Програмата за развој на спортот и рекреативни активности на граѓаните во Општина Куманово за 2022 година со финансов извештај;
- Извештај за реализација на Програмата на културни манифестации на Општина Куманово за 2022 година;
- Извештај за реализирани активности од Програмата за социјална заштита на Општина Куманово за 2022 година;
- Информација за работа на Сектор за инспекциски надзор – Инспекторат во Општина Куманово за период јули – декември 2022 година.