Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Донација за Општина Куманово од Дрекслмајер

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Странската компанија ДММ Дрекслмајер Мануфактуринг Македонија ДООЕЛ, донираше патничко моторно возило (комби) за потребите на Општина Куманово.
Возилото е прилагодено за превоз на лица со посебни потреби, поседува автоматска рампа за инвалидска количка и соодветен простор за транспорт на опремата.
Донираното возило ќе биде ставено на располагање на здруженијата кои се грижат за оваа ранлива категорија на граѓани, со што ќе се обезбеди повисоко ниво на нивна инклузивност во општеството. На денешното примопредавање во Општината, присуствуваа градоначалникот Максим Димитриевски и претставници од Дрекслмајер, предводени од генералниот директор Лукас Мирингер. На средбата беа предложени идеи за реализација на проекти во понатамошната соработка, кои би биле од големо значење за граѓаните.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст