Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Известување од состанок на општински штаб за заштита и спасување

Известување

од одржан состанок на Штаб за заштита и спасување на ден 22.05.2024 год.

По  појава на обилни врнежи од дожд во тек на вчерашниот ден (21.05.2025 година),  и забележано заматување на вода во водоснабдителен систем, се  одржа вонреден состанок на Општинскиот штаб за заштита и спасување, на кој присуствуваа претставници од Општина Куманово, Совет на општина Куманово, РЦУК, ДЗС, ЈП Водовод, ЈП Чистота и зеленило, АД Водостопанство, Државен инспекторат за животна средина и Центар за јавно здравје. На состанокот се донесоа следните заклучоци и препораки

  1. Главен проблем претставува заматување на вода во водоснабдителниот систем заради обилни дождови.  Заради истото, водат која се доставува во водоводната мрежа во Куманово, исто така е заматена. Препорака до граѓаните, водата да се користи како техничка вода, или истата да не се користи без зовривање. Препораката останува се додека не се утври дека истата е безбедна за пиење.

Во продолжение линк од изјавите на членовите на ОШЗС, Директорот на ЈП Водовод Оливер Стојмановски и Раководител на одделение за водоснабдителни објекти Тони Јовчевски.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст