Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Јавен повик за ангажирање на образовни и лични асистенти во средно образование

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Врз основа на Договорот помеѓу Програмата за развој на Обединетите нации и Општина Куманово за имплементација на активности, каде УНДП обезбедува поддршка во рамките на проектот „Креирање можности за работа за сите IV“, со бр. 03-4700/1 од 06.06.2023 година, Договорот помеѓу Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија и Општина Куманово за спроведување на Општинско- корисна работа со бр. 03-4821/1 од 09.06.2023 година, во рамките на Оперативниот план за активни програми и мерки за вработување и услуги на пазарот на трудот за 2023 година усвоен од Владата на Република Северна Македонија, Програмата Општинско – корисна работа финансирана од Буџетот на Агенцијата за вработување на РСМ, на ден 07.08.2023 година се објавува:

Ј А В Е Н П О В И К

до

евидентирани невработени лица за вклучување во Програмата Општинско – корисна работа, проект „Инклузивна училница 2“

Се повикуваат сите евидентирани невработени лица кои се заинтересирани да се вклучат во Програмата Општинско-корисна работа, проект „Инклузивна училница 2” за работно ангажирање со скратено работно време во период од 9 (девет) месеци заради стекнување на вештини и постепено вклучување на пазарот на труд, да се пријават во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово.

Вкупниот период на вклученост на невработените лица преку Програмата изнесува 9 месеци, во кој влегува обуката и работниот ангажман.

Евидентираните невработени лица кои ќе бидат вклучени во Програмата „Општинско-корисна работа“ ќе бидат работно ангажирани со скратено работно време од 20 (дваесет) работни часа неделно, при што за време на работниот ангажман од 9 (девет) месеци статусот на невработените лица останува непроменет, а на невработените лица-корисници на паричен надоместок и на корисници на право на гарантирана минимална помош за времетраење на работно ангажирање ќе им биде активно претходно остварено право.

Право на учество во Програмата „Општинско-корисна работа“ имаат сите невработени лица, при што предност ќе имаат лицата кои за прв пат се јавуваат за учество во Програмата.

За кандидатите кои ќе бидат избрани и вклучени во Програмата “Општинско-корисна работа” се предвидува паричен надоместок во висина од 13.750 денари бруто износ за времетраењето на обуката и работното ангажирање, со вклучени данок на личен доход и осигурување за инвалидност и телесно оштетување причинето со повреда на работа и професионална болест.

Евидентираните невработени лица кои ќе се пријават за учество во Програмата “Општинско-корисна работа” треба да припаѓаат на една од следните целни групи невработени лица:

– невработени лица на кои им престанал работниот однос во периодот на коронавирусот COVID -19

– долгорочно невработени лица (над 12 месеци во евиденција, со предност на невработени лица над 5 години)

– млади лица до 29 години

– лица корисници на гарантирана минимална помош

– лица постари од 50 години

– родители на деца со пречки во развојот

– родители на 3 и повеќе деца

– родители на деца на улица

– лица припадници на ромска етничка заедница

– жени припадници на ромска етничка заедница и на останати етнички заедници.

Работните позиции кои се опфатени со овој оглас се однесуваат на ангажирање на :

Работно место 1: Образовен асистент во средно образование со следниве работни задачи:

– Секојдневна помош и поддршка на ученикот при совладување на наставната содржина во координација со класниот раководител, предметните професори, стручната служба, како и семејството на крајниот корисник;

– Секојдневно мотивирање на ученикот за учење и социјализација, преку најразлични креативни методи и техники;

– Мотивирање на ученикот за вклучување во воннаставни активности;

– Изготвување на месечен извештај за следење на напредокот на ученикот и негово редовно доставување до општинскиот проектен координатор.

Позиции за работно место- Oбразовен асистент во средно образование: 13 (тринаесет)

Потребни квалификации и занимања за работно место 1: Емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност, одговорност, принципиелност, евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување-Куманово, лицето да припаѓа на една од горенаведените целни групи, стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица.

Лицето да има завршено високо образование од следниве занимања:

– Професор по одделенска настава;

– Професор по предметна настава;

– Педагог;

– Психолог;

– Дефектолог (Специјален едукатор и рехабилитатор за лица со попреченост);

– Социјален работник и сл.

Работно место 2: Личен асистент во средно образование, со следниве работни задачи:

– Индивидуална помош и поддршка при движење во просторот на училиштето;

– Помош и поддршка при патување до и од образовната установа;

– Помош при задоволување на лични потреби;

– Помош и поддршка при социјализација;

– Изготвување на месечен извештај за реализираните активности со ученикот и негово редовно доставување до општинскиот проектен координатор.

Позиции за работно место – Личен асистент во средно образование : 2 (две)

Потребни квалификации и занимања за работно место 2: Емпатија, комуникативност, флексибилност, толерантност, психичка стабилност, одговорност, принципиелност, евидентирано невработено лице кое активно бара работа во Центарот за вработување-Куманово, лицето да припаѓа на една од горенаведените целни групи, стручно квалификувани одговорни и комуникативни лица.

Лицето да има завршено средно или високо образование.

Заинтересираните невработени лица пријави за учество во Програмата “Општинско-корисна работа”, проект „ Инклузивна училница 2“ можат да поднесат во Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово во периодот од 07.08.2023 година до 15.08.2023 година, од 08:00 до 14:00 часот.

Поконкретните услови, права и обврски ќе бидат уредени со склучување на Договор помеѓу Општина Куманово и избраните кандидати.

Детални информации за Програмата „Општинско-корисна работа“ можат да се добијат во Општина Куманово кај лицето Тања Стефановска- Општински координатор за програмата „Општинско-корисна работа“, Агенција за вработување- Центар за вработување Куманово кај лицето Аљбана Реџепи и ЈУ Меѓуопштински Центар за социјална работа Куманово кај лицето Мирослава Илиевска.

ИНФОРМАЦИЈА ЗА НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА ОКР 2023-1

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст