Креација – имагинација, имагинација – креација – модна ревија
Културно – уметничка презентација, во организација на учениците и наставниците од СОУ Перо Наков – Куманово, се одржа вечерва во фоајето на НУЦК Трајко Прокопиев.
На манифестацијата дефилираа модели со креативна гардероба, беа изложени рачни изработки на обувки и кожна галантерија, пропратени со музичка изведба.
Посетителите имаа можност да се информираат за наставните методи и содржини во средношколскиот центар, кој традиционално се преставува пред јавноста, кон крајот на учебната година.
На ревијата присуствуваа претседателката на Советот на Општина Куманово и претставници од општинската администрација.