Празнична посета на Општина Чепеларе во Република Бугарија
Делегација на Општина Куманово присуствуваше на свеченото одбележување на Денот на Општина Чепеларе.
24 Мај – Ден на словенските просветители Св. Кирил и Методиј е празничен датум на општината од соседна Бугарија, со којашто Општина Куманово има долгогодишна пријателска соработка.
Бројните делегации имаа можност да присуствуваат на низа активности и манифестации, културно – уметнички содржини и посета на образовни институции низ градот.