Одбележани 48 години од постоењето на ООУ “Наим Фрашери”- Куманово
Градоначалникот на Општина Куманово, претседателката на Советот на Општината и претставници од општинската администрација, денеска присуствуваа на свеченото одбележување на патрониот празник на ООУ “Наим Фрашери” – Куманово.
Рецитал, музички точки и драмска изведба, беа дел од пригодната програма, во знак на 25 Мај – Ден на училиштето, со која се претставија учениците и нивните наставници во училишната спортска сала.
Пред присутните, поздравно обраќање имаше градоначалникот на Општината, Максим Димитриевски.