Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Потпишан договор за реализација на проектот “EU for Clean AIR”

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Денес во Битола свечено беше потпишан договор со делегација на ЕУ за реализација на проектот “EU for Clean AIR”. Овој проект е дел од програмата на Европската унија за претпристапна помош – ИПА 2021, а се однесува за проекти за подобрување на квалитетот на воздухот во Куманово. Според проектот во Куманово предвидени се следниве активности: подобрување на систем за греење на јавни установи, озеленување на простор преку садење на дрвја и поставување на мобилни мерни станици за загаденост на воздухот низ градот. Освен Куманово во овој проект кој ќе трае три години, учествуваат и општините: Битола, Скопје и Тетово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст