Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Заврши манифестацијата “Детска ликовна колонија Пчиња 2023”

Манифестацијата “Детска ликовна колонија Пчиња 2023”, во организација на  хуманитарното здружение “Мајка”, во соработка со ООУ “Браќа Миладиновци” – подрачно училиште во с.Пчиња, со поддршка на Општина Куманово, заврши денеска во дворот на училиштето.
На учесниците на ликовната колонија им беа доделени потврди за учество и награди за најуспешните творци. Создадените дела беа изложени пред поситетилите, кои имаа можност да присуствуваат и на продажниот базар на традиционални јадења.
Настанот го збогати кумановската писателка Љиљана Тричковиќ, со читање на песни од нејзиното дело “Ние и нашето училиште”, посветено на учениците од подрачните училишта во Пчиња и Студена бара.
Дел од присутните беа членови на Советот на Општина Куманово и претставници на општинската администрација.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст