Заврши манифестацијата “Детска ликовна колонија Пчиња 2023”
Манифестацијата “Детска ликовна колонија Пчиња 2023”, во организација на хуманитарното здружение “Мајка”, во соработка со ООУ “Браќа Миладиновци” – подрачно училиште во с.Пчиња, со поддршка на Општина Куманово, заврши денеска во дворот на училиштето.
На учесниците на ликовната колонија им беа доделени потврди за учество и награди за најуспешните творци. Создадените дела беа изложени пред поситетилите, кои имаа можност да присуствуваат и на продажниот базар на традиционални јадења.
Настанот го збогати кумановската писателка Љиљана Тричковиќ, со читање на песни од нејзиното дело “Ние и нашето училиште”, посветено на учениците од подрачните училишта во Пчиња и Студена бара.
Дел од присутните беа членови на Советот на Општина Куманово и претставници на општинската администрација.