Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Свечено прогласување на првенци на генерација за учебната 2023/2024 година

Оваа објава е достапна и на: sqAlbanian

Со пригодна културно – уметничка програма, на најуспешните ученици од општинските основни и средни училишта, денеска во Занаетчиски дом, им беа доделени награди од име на Општина Куманово.
Пред присутните се обрати градоначалникот на Општината, Максим Димитриевски, кој им посака повисоки достигнувања и успешна иднина на највредните ученици.
На првенците на генерацијата за учебната 2023/2024 година им беа доделени признанија, монети со позлата и подарок ваучери од име на Градоначалникот и Советот на Општината.
Традиционалната манифестација во чест на словенските просветители, браќата Кирил и Методиј, е во организација на Здружението на просветни работници – Куманово и Сектор за образование од Општина Куманово.
На настанот присуствуваа претставници од општинската администрација и членови на Совет на Општината.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст