Jавна дебата за приоритетните области за поднесување на предлог проекти за вториот повик за ReLoaD
Оваа објава е достапна и на:
македонски
Во врска со вториот повик во рамките на проектот ReLOaD, Ве информираме дека на 03.04.2019г.(среда), од 10 до 11 часот, во кружната сала на поранешна зграда на Комитет, ќе се одржи јавна дебата за приоритетните области за поднесување на предлог проекти за вториот повик. Ве покануваме да учествувате на јавната дебата и да дадете свое видување и сугестии за предлог на приоритетните области кои ќе бидат вклучени во насоките за поднесување на проекти по вториот јавен повик. Вашето присуство може да го потврдите на следниов Е маил: coki.ristovski@kumanovo.gov.mk
Со почит, Билјана Николовска Заменик координатор за ReLoaD