Општина Куманово и Црвен крст спроведоа акција на прометни локации
Согласно препораките од Министерството за здравство за намалување на ризици од високите температури, според Акцискиот план за превенирање на последиците од топлотните бранови врз здравјето на населението кои Владата ги усвои, денеска општина Куманово во соработка со Црвен крст спроведоа акција за делење вода на граѓаните на прометни локации во Куманово.